24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНесигурно тргување на Волстрит, индексите во различни зони

Несигурно тргување на Волстрит, индексите во различни зони

wall street999

Индексите Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во вторникот на Волстрит, додека Nasdaq падна во несигурно тргување бидејќи инвеститорите ги загрижуваат слабостите во кинеската економија и можното зголемување на каматите на Фед до крајот на годината.

Dow Jones зајакна 0,30 отсто, на 16.049 поени, додека S&P 500 порасна за 0,12 отсто, на 1.884 поени, а Nasdaq се намали, пак, за 0,59 отсто, на 4.517 поени.

Седум од 10 сектори на S&P 500 индексот вчера беа во плус, а најмногу за 0,9 отсто пораснаа акциите во здравствениот сектор.

Ова  е прв раст на здравствениот сектор по девет дена понирање. Овој сектор веќе подолго време откако Хилари Клинтон, претседателски кандидат од Демократската партија, објави план со кои би се сопрело натамошно дивеење на цените на специјалните лекови.

И во поголем дел од другите сектори цените на акциите вчера донекаде се стабилизираа, откако претходниот ден Dow Jones и S&P 500 потонаа за околу 2 отсто.

„Берзата зема здив по вчерашниот масакр. Но, не би ме чудело цените на акциите уште малку да паднат пред да се стабилизираат“, вели Роберт Франчело, директор во компанијата Apex Capital.

Берзите веќе подолго време се под притисок од забавување на растот на кинеската економија, што би можело негативно да влијае на целокупната глобална економија.

Инвеститорите ги мачи неизвесноста во врска со каматните стапки на американската централна банка. Неодамна челниците на Фед го одложија зголемувањето на каматите поради несигурноста во врска со состојбата во глобалната економија, особено во кинеската, но во последните денови порачуваат дека зголемувањето на каматите сепак е можно до крајот на годината, зависно од економските показатели.

Еден од клучните показатели за вработеноста во САД ќе биде објавен во петок. Аналитичарите проценуваат дека во септември бројот на вработени е зголемен за 203.000, додека претходниот месец во САД биле отворени 173.000 работни места.

Стапката на невработеност би можела да остане непроменета на 5,1 отсто.

На европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индекс се намали за 0,83 отсто, на 5.909 поени, додека франкфуртски DAX ослабна за 0,35 отсто, на 9.450 поени, а париски CAC се намали за 0,31 отсто, на 4.343 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП