11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрамен удар од страна на јапонските компании!

Срамен удар од страна на јапонските компании!

japanski kompanii

Ниту една јапонска компанија не се пријави за програмата за субвенционирање која е наменета за промовирање на поголем број на жени на водечките фукции во компаниите.

Тоа е срамен удар за напорите на официјално Токио да се стимулира економскиот раст со помош на влучувањето на поголем број на жени во работната сила.

Се очекуваше дека стотици компании ќе се пријават за добивање на финансиски средства во замена за достигнување на зацртаното ангажирање и обука на жени за водечки позиции во компаниите. Во рамките на планот, претставен минатата година, секоја успешна компанија би добила по 300.000 јени (2.500 долари) надоместок.

„Меѓутоа, 120 милиони јени од буџетот определени за 500 компании, колку што беше прогнозирано дека ќе се пријават за оваа програма, останаа неискористени“, рече портпаролката на јапонското министерство за здравје, кое вршеше надзор на оваа програма.

За така лошиот резултат, портпаролката ги обвини строгите услови за квалификување за оваа програма, наведувајќи дека тоа „не е добра програма“.

Оваа неповолна вест доаѓа во моментот, откако јапонскиот премиер Шинзо Абе во ОН ветуваше нови иницијативи за зајакнување на позициите на жените.

Јапонија има една од најниските стапки за учество на жените во работната сила во развиениот свет, а повеќето економисти се сложуваат дека на оваа земја очајнички и е потребно зголемување на женската работна сила, бидејќи популацијата забрзано старее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП