23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНатпревар во подготвување коктели во Гевгелија

Натпревар во подготвување коктели во Гевгелија

barmeni 33

Денеска казиното Фламинго во Гевгелија ќе биде домаќин на Вигор Бармен Куп, најголемиот натпревар во подготвување коктели во Македонија.

На дводневниот настан, учество ќе земат преку триесетина коктел-мајстори од целата држава, а ќе се натпреваруваат во две категории: лонг дринк (long drink) и флер (flair). Лонг дринк натпреварот е оценување на коктелот по повеќе особини како вкус, изглед, итн., а флер натпреварот е всушност натпревар во барменски акробации и атрактивно подготвување на коктели.

Натпреварувачите ќе ги оценува меѓународно жири од Хрватска составено од коктел стручњаци. Во жирито членува и Карло Дамијаниќ, актуелен хрватски коктел шампион во флер и освојувач на високото четврто место на светското првенство во флер. Победниците во двете категории ќе добијат вредни парични награди.

Ова е седмо издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП