27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најзадолжените држави во светот!

Ова се најзадолжените држави во светот!

evro-dolar-pixabay

Неславната листа на најзадолжени земји на светот носи многу изненадувања, така што никогаш нема да претпоставите која држава се наоѓа на првото место.

Убедливо на првото место се наоѓа САД чиј долг според најновите податоци изнесува 18,5 илјади милијарди долари. Што значи дека по жител, оваа држава должи 58.437 долари.

На второто место е Велика Британија со долг од 9,5 илјади милијарди долари. Франција се наоѓа на третото место со долг од 5,7 илјади милијарди долари, а малку помалку од неа има Германија, 5,5 илјади милијарди долари.

Долговите на останатите земји:

5. Луксембург – 3,4 илјади милијарди долари.

6. Кина – 3 илјади милијарди долари.

7. Јапонија – 2,8 илјади милијарди долари.

8. Италија – 2,6 илјади милијарди долари.

9. Ирска – 2,6 илјади милијарди долари.

10. Холандија – 2,5 илјади милијарди долари.

Многумина ќе помислат дека Грција се наоѓа на овие први десет места, но таа е на дури 27-мото со вкупен долг од 360 милијарди долари.

Од земјите во регионот, Хрватска се наоѓа на 52-ро место и има долг од 67 милијарди долари, додека пак Словенија е веднаш зад неа.

Србија е на 65-тото место, а нејзиниот долг изнесува 32 милијарди долари.

Босна и Херцеговина со долг од 9 милијарди долари е на 94-то место, а пак Македонија според податоците на Министерството за финансии има долг од 4,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП