15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Обиколницата кај Скопје до петок затворена за сообраќај

АМСМ: Обиколницата кај Скопје до петок затворена за сообраќај

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива по воглавно суви коловози. Поради снимањето на францускиот филм „A Fond“, до петок за сообраќај, во периодот од 7 до 19 часот, ќе биде затворена Скопската обиколница.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на делниците каде се изведуваат градежни активности: на државниот пат А3, делница Битола – Макази, на патот Р1302 Делчево – Пехчево, на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип, на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково и на автопатот Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово).

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП