5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоповолна состојбата во преработувачката индустрија

Поповолна состојбата во преработувачката индустрија

industrija-indeks

Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија е поповолна во февруари во однос на јануари годинава, а понеповолна споредено со февруари лани, оценуваат рководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика.

Обезбеденоста на производството со порачки во февруари споредено со јануари е поповолна, исто како и очекувањата за обемот на производството и за бројот на вработените во наредните три месеци.

Во февруари годинава, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи, пак, се намалени за споредба. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари годинава изнесува 60,3 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во февруари 2013 година имаат недоволната странска побарувачка со 25,6 процент, недоволната домашна побарувачка со 20,2 проценти, финансиските проблеми со 10,7 проценти, неизвесното економско опкружување со 10,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП