28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо 200 години странец на чело на British Museum

По 200 години странец на чело на British Museum

бритиш-музеј

Германецот Хартвиг Фишер во вторникот е именуван за нов директор на прочуениот лондонски British Museum, со што стана првиот странец во историјата на чело на оваа престижна институција во последните речиси двесте години.

„Ова е голема чест. Ниту можев да сонувам дека би можеле да ме предложат за директор на оваа голема британска институција“, изјави 53-годишниот Хартвиг Фишер, историчар на уметноста, кој е првиот не-Британец на должноста по Италијанец Антони Паници кој истата функција ја извршувал во XIX векот.

Фишер досега беше директор на Државната уметничка колекција во Дрезден, а новата должност ќе ја преземе во пролетта 2016 година, и на тоа место ќе го замени Нил МекГрегор кој Германецот го смета за совршен избор и појаснува дека музејот, неговиот персонал, административната служба и колекција на уметнички дела имаат автентично меѓународен печат.

Именувањето на Фишер на челната позиција на вториот најпосетен музеј во светот, по парискиот Лувр., е потврда на тенденцијата на сé поголемата меѓународна мобилноста во доменот на поставување странски директори на големите светски културни институции.

Во прилог на ова оди и фактот дека и на вториот британски музеј според посетеноста, Галеријата Тејт, како и на Музејот на Викторија и Алберт, најголемиот музеј на примената уметноста и дизјан на светот, ги управуваат двајца странци, Белгиецот Крис Декрон, односно Германецот Мартин Рот, забележува AFP.

Во август годинава и седум италијански музеи, меѓу кои и славната Галерија Уфици во Фиренца, добија странци за директори, во рамките на напорите на владата да го „модернизира застареното“ управување со културните институции.

Целта на именувањата е заштитата и промоцијата на уметничкото и архитектонското наследство на Италија, чија репутација последните децении ги загрозуваше лошото водење и негрижата, го образложи министерството назначувањето на 20-те директори. Меѓу нив тројца се Германци, двајца Австријци, Британец и Французин, коишто според министерот имаат „голема меѓународна репутација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП