23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштен во употреба реконструираниот мост во Порој

Пуштен во употреба реконструираниот мост во Порој

poroj-most

Мостот кој во тетовски Порој го изградија припадниците на инженерискиот баталјон на АРМ, во вторник беше свечено пуштен во употреба.

На свечениот чин во Порој присуствуваа градоначалничката на Тетово Теута Арифи, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, командантот на 1. механизирана пешадиска бригада полковник Зоран Милески, претставници на месната заедница од Порој и месното население.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи искажувајќи благодарност до АРМ, ја потенцираше одличната соработка со Армијата, при што уште еднаш го истакна ангажирањето на припадниците на АРМ во тетовскиот регион по невремето.

Заменикот на НГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, ја нагласи подготвеноста на АРМ за помош на цивилното население, во услови на елементарни непогоди, како една од нејзините редовни задачи, укажувајќи на фактот дека ова е најдобриот начин Армијата да биде поблиску до граѓаните.

Припадниците на инженерискиот баталјон во текот на месецов беа ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, а кои претрпеа големи оштеувања после поплавите изминатиот месец, при што првиот мост беше завршен и пуштен во употреба кон средината на месецов. Мостот кој денес беше пуштен во употреба, беше целосно оштетен, а припадниците на АРМ го изградија со материјал набавен од месната заедница во Порој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП