22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата во пораст поради намаленото производство во САД

Цената на нафтата во пораст поради намаленото производство во САД

naftajnxdew7yfr34tf43

Цената на нафтата порасна во вторникот на светските берзи со оглед дека сигналите за забавување на производството во САД ја потиснаа во втор план загриженоста за здравјето на кинеската економија.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 65 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,99 долари. За ист процент се зголеми и цената на американскиот пазар, достигнувајќи 44 долари.

Вчерашното тргување го заклучи во минус од 2,5 отсто под притисок од остриот пад на цената на акциите на Волстрит и од слабите економски податоци од Кина.

Огромниот кинески индустриски сектор бележи пад на активностите под влијание на намалената домашна побарувачка, што ги поттикнува стравувањата дека економијата можеби забавува поостро од што се проценуваше, предупредуваат аналитичарите.

Наспроти тоа, изгледите за американската економија се поведри, а вишокот во снабдувањето во водечкиот потрошувач на нафта на светот полека се намалува, и се проценува дека залихите во клучниот јазол Кушинг се намалиле минатата недела за еден милион барели.

Токму производството на нафта од шкрилци во САД поттикна пад на цените во изминатата година. Производителите од Блискиот исток се одлучија да го бранат пазарниот удел преку зголемување на производството, што резултираше со значителен вишок во понудата.

„Се појавија цврсти сигнали дека производството во САД забавува“, констатира Рајдој Рашид од советодавната компанија Energy Aspects.

Вниманието сега е насочено кон денешниот извештај на Американскиот институт за нафта за комерцијалните залихи во минатата недела. Владата официјалните податоци треба да ги објави утре попладне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП