27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНова инвестиција од 4,5 милиони евра од Макпрогрес

Нова инвестиција од 4,5 милиони евра од Макпрогрес

makprogres

Со отворање нов производствен погон „Винчини 7“ за производство на кондиторски производи, како и два производни погони за производство на прехранбени производи од брендовите „Сончева Долина“ и „Натура“, инвестиција вредна 4,5 милиони евра, Макпрогрес одбележа 25 години постоење.

Со инвестицијата предвидено е производство на околу 50-тина нови производи и 60 нови вработувања.

Приказната за Макпрогрес започнува во 1990 година кога е основана компанијата со 100 отсто приватен капитал. Иако започнува како трговска фирма, многу брзо Макпрогрес започнува со создавање и лансирање на сопствени трговски марки кои денес со гордост се дел од семејството Макпрогрес.

Со 500 вработени е лидер и стожер на локалниот економски развој во виничко-кочанскиот регион. Трудот, посветеноста, бизнис филозофијата и начинот на управување со фирмата од година во година значат раст, развој, инвестиции, проширување на семјеството кое веќе 25 години живее заедно. Макпрогрес е вистински економски амбасадор на Македонија, гордо преставувајќи ја државата, потврда затоа е извоз во преку 50 држави ширум Светот. Ова подразбира имплементирање на голем број стандарди.

Со годишно производство од 13.000 тони готов производ, од кои 78 отсто одат за извоз говорат за големината, улогата и сериозноста на Макпрогрес. Од вкупното производство 93 отсто се продаваат под регистрираните трговски марки сопственост на Макпрогрес.

Дел од портфолиото на Макпрогрес се над 300 производи групирани во петте брендови Винчини, Армониа, Сончева долина, Винчини фајнест и Натура. Овие производи до сега се произведуваа во две фабрики со шест линии за производство на кондиторски производи, една фабрика за земјоделски зрнести производи и една фабрика за пакување на житарки.

Со новата фабрика Винчини 7 кон ова портфолио ќе се додадат и 50-тина нови производи, производи кои се одговорот на барањата на потрошувачите.

Во изминатите 25 години на заедничко живеење Макпрогрес се јавувал како поддржувач иницијатор и помагач на многу активности од секоја сфера на општественото живеење иделување во Република Македонија преку разни донации, спонзорства, директни или индиректни соработки.

Макпрогрес двапати е добитник на награда за општестествено одговор на компанија за 2011 во областа на екологијата и во 2012 во областа на односи со вработените.

Среднорочна цел на фирмата е да стане лидер во кондиторската индустрија во централна и југоисточна Европа.

„Да се биде на чело на едно семејство како што е Макпрогрес е големо задоволство, но и голема обврска. Обврска кон сите 500 вработени со кои делиме лошо и добро. Заеднички научивме да чекориме, заеднички се носиме со сите проблеми, заеднички од Макпрогрес на правиме фирма со која сите се гордееме. Секако дека патот не е лесен, имаше и секогаш ќе има предизвици, но кога смесите заедно тие полесно се решаваат. Патуваме низ Светот и ја шириме мисијата и приказната за Макпрогрес и навистина се гордееме со тоа. Денес Макпрогрес е еден од многуте успешни двигатели на македонската економија, нашите производи се извезуваат во над 50 држави во Светот. Успехот е наш, заеднички и ќе продолжиме понатаму да се трудиме да сме подобри, поуспешни и позадоволни сите ние. Горд сум бидејки 25 години живееме заедно и градиме успешно”, ече основачот и генералниот директор Александар Цветанов во името на 25 годишниот јубилеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП