13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAxel Springer купи 88% од Business Insider за 343 милиони долари

Axel Springer купи 88% од Business Insider за 343 милиони долари

axel-springer-SE-630x353

Германска медиумска компанија „Axel Springer SE“ купи мнозински удел во медиумската компанија „Business Insider“, покажува информацијата која беше објавена од страна на „Bloomberg“.

За сума од 343 милиони долари, германската компанија има стекнато удел од 88% во американскиот медиум, со што нејзинот вкупен удел во неа изнесува 97%. Малцински удел во изданието од 3% е задржано од основачот и извршен директор на „Aмazon“, Џеф Безос.

„Axel Springer“ е гигант во областа на печатените медиуми и издавач на „Welt“ и „Bild“. Компанијата бара нови мотори на раст преку инвестиции во области, како маркетинг и онлајн медиумите, како и превземања во странство. Во јули компанијата не успеа да го купи „Financial Times“, кој беше продаден на јапонски „Nikkei“ за 1,3 милијарди долари.

Купувањето на „Business Insider“ ќе му обезбеди на „Axel Springer“ пристап до сајт кој има 76 милиони уникатни посететили месечно. Основан во 2007-ма година од поранешниот аналитичар од Вол стрит – Хенри Блоџет, „Business Insider“ регистрира непрестано зголемување на бројот на посетители преку обезбедување на мешавина од корпорации, политички и културни вести. Во јули компанијата објави посебен сајт под името „Tech Insider“ кој ги покрива вестите во сферата на иновацијата, науката и вселенските истражувања.

„Business Insider“ е на пат да генерира помеѓу 50 и 60 милиони долари приходи во оваа година. Се очекува по договорот извршниот директор на „Business Insider“, Хенри Блоџет да ја задржи функцијата.

„Springer“ веќе има блиски односи со компанијата со седиште во Њујорк. Во јануари германската медиумска компанија беше главен инвеститор при бараните 25 милиони долари од „Business Insider“. Во април двете компании најавија дека „Springer“ ќе застане зад лансирањето на верзијата на „Business Insider“ на германски јазик, во соработка со „finanzen.net“, до крајот на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП