21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо Национална стратегија ќе се подобрува затворскиот систем

Со Национална стратегија ќе се подобрува затворскиот систем

zatvorski-sistem

Со реновирање на објектите, градење нови капацитети, обука на затворскиот персонал, ќе се подобруваат условите во македонските казнено-поправни домови, се предвидува во Националната стратегија 2015-2019.

„Зад ова комплицирано име стои нешто многу едноставно, а тоа е дали ќе постапуваме со луѓето кои се задржани или осудени со достоинство и почитувајќи ги нивните човекови права. Значи прашањето е многу едноставно, дали овие луѓе ќе се ресоцијализираат или пак од затвор ќе излезат како тешки криминалци или повратници, или пак ќе излезат сосема скршени и нема да можат да го најдат своето место во општеството“, рече Иван Коеџиков од Советот на Европа.

Тој рече дека заврши ерата на затвори од типот кога затворениците се зад решетките, а страѓарите од оваа страна и нивната единствена интеракција беше кога ќе искрснеше некој проблм. Напротив, затворските системи во Европа сега промовираат поголем контакт меѓу затворениците и чуварите, рече Коеџиков, а стражарите мора да ги запознаат затворениците и да разговараат со нив.

За оваа цел во македонија последните месеци биле обучени 20 обучувачи, кои ќе едуцираат нешто повеќе од 800 затворски службеници.

„Главниот фокус на реформите во пенитенцијарниот систем кој Министерството за правда и Управата за извршување санкции ќе ги спроведе на долг рок се насочени на четири клучни полиња на развојот, а тоа се унапредување на ефикасноста и ефективноста на пенитенцијалниот систем во државата, подобрување на начинот за постапување и целосно почитување на човековите права и достоинството на лицата лишени од слобода, во казнено-поправните и воспитно-поправните установи, ресоцијализација на осудените и малолетните лица и нивна успешна реинтеграција во општеството, подобрување на условите и намалување на преполнетоста во казнено-поправните и воспитно-поправните установи“, рече Аднан Јашари, министер за правда.

За да се подобат условите во македонските затвори, потребна е реконструкција на постоечките и изградба на нови, а за таа цел, завршен е затворот во Куманово, се реконструира Казненопоправниот дом „Идризово“, почна да се гради воспитно-поправниот Дом во Тетово, каде се сместуваат малолетни лица со воспитна мерка, при што следува градба и на затворот во Скопје.

„Сместувачките објекти на затворите значително ќе се зголеми, за повеќе од 1.200 места“, рече Лидија Гаврилоска, директор на Управата за извршување санкции, а додаде дека ќе се унапреди и механизмот за контрола и инспекциски надзор.

Националната стратегија предвидува подобрување на здравствениот систем во затворите, потоа мрежно поврзување на затворите со судовите, преку електронска евиденција, како и воведување на пробациска служба.

„За таа цел набавени се 40 алки трансмитери, кои ќе ги носат престапниците, GPS, како и друга IT опрема за извршување на куќниот затвор, притвор“, рече гаврилоска, а во септември се спровела и обука на обучувачи за употреба на опремата.

Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систе 2015-2019 година е изработена во рок од 16 месеци со помош на програмата на ЕУ за „Градење на капацитетите на агенции за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и осудените лица“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП