4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШести бизнис форум на Капитал и Бизнис плус

Шести бизнис форум на Капитал и Бизнис плус

bv

На први октомври, четврток, со почеток во 12 часот, во хотелот Александар Палас, ќе се одржи  Шестиот бизнис форум во организација на Капитал и Бизнис плус, на кој што ќе земат учество истакнати претставници на деловната и политичка  заедница од Македонија и регионот.

Панелистите на Форумот, меѓу кои и повеќемина сопственици и директори на големи компании од Словенија, Хрватска, БиХ и други земји од Балканот,  ќе дискутираат  за неколку теми од исклучително значење за економската благосостојба на државите и бизнисите од  регионов:

-Нови инвестиции во извозни проекти;  Успешни примери на регионални поврзувања и интеграции;  Како до поефикасен транспорт и логистика; Потенцијалот на  агро – бизнисот во регионот;  Турција како земја бизнис партнер.

На Форумот ексклузивно ќе биде претставено и најновото издание на специјалната едиција „Топ 200 најголеми и најуспешни“ на Капитал Медиа Гроуп.

На отворањето на Форумот, меѓу другите, ќе се обратат и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шариќ и заменикот на претседателот на Владата на Р.Македонија  задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП