18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубровник воведува такса за автомобили од 5,3 евра по час

Дубровник воведува такса за автомобили од 5,3 евра по час

dubrovnik-taksa-avtomobili

Доколку во следната летна сезона одлучите со автомобил да се задржите подолго од еден час на поширокото подрачје на Дубровник ќе треба да платите такса од 40 куни (околу 5,3 евра) по час.

Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ најави дека на западниот приод кон градот, во близина на јавната гаража на Илијина Главица, ќе бидат поставени „рампи или неко други пречки“, кои ќе го котролираат приливот на возила кон градскиот центар.

При излегувањето од центарот на Дубровник, кон Жупа или Бониново, возилата ќе бидат дочекани со други „пречки“, а нивните сопственици ќе мора да платат 40 куни по час доколку во поширокото градско подрачје се задржале повеќе од еден час.

Оваа такса нема да важи за жителите на Дубровник, ниту за возилата на јавните служби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП