18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlcoa се дели на две компании

Alcoa се дели на две компании

alkoa

Најголемиот американски производител на алуминиум Alcoa објави дека ќе се подели на две компании, чии акции ќе котираат на берзата, со што порача дека нејзините традиционално производство на алуминиум, насочено кон автомобилската и воздухопловната индустрија, повеќе не е компатибилно.

Традиционалното работење со топење на метал на американската компанија е погодено од вишокот на алуминиум на пазарот, кој е предизвикуван од падот на цената и најлошата криза во оваа индустрија во последните години.

Истовремено, компанијата ја гледа иднината во растот на продажбата на титан, на што остварува поголеми маржи, и на алуминиум со поголема цврстина за воздухопловната индустрија.

Воздухопловните производители се свртеа од алуминиумот кон лесниот титан, а производителите на возила, кон посилни алуминиумски легури наместо кон челикот за да ја подобрат изведбата и ефикасноста на користењето на возила.

Се очекува поделбата на Alcoa да се случи во втората половина од 2016 година, при што компанијата за производството на алуминиум ќе го задржи името Alcoa. За поделба на компанијата не е потребно одобрение од инвеститорите.

Работењето со алуминиум во минатата година до крајот на јуни оваа година имаше 13,2 милијарди долари приходи и EBITDA од 2,8 милијарди долари, од 64 топилници со околу 17.000 работници.

Втората компанија која ќе произлезе со поделбата на Alcoa, имаше во истиот период приходи од 14,5 милијарди долари, EBITDA од 2,2 милијарди, а во 157 погони вработува 43.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП