8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale размислува за укинување на секоја петта филијала до 2020-та

Societe Generale размислува за укинување на секоја петта филијала до 2020-та

societe generale nova

Француската банка Societe Generale ја разгледува можноста за укинување на секоја петта филијала во матична Франција до 2020-та година, известија француските медиуми повикувајќи се на извори во синдикатите.

Втората по големина француска банка со акции кои котираат на берзата би можела да затвори 400 од вкупно 2.221 филијали во Франција, пишува во понеделникот весникот Les Echos, напоменувајќи дека одлуката сѐ уште не е донесена.

Од банката за агенцијата Reuters рекоа дека оваа година имаат намера да затворат околу 40 филијали, но не можеа да ја потврдат бројката која ја спомена весникот за наредните пет години.

„Веќе почнавме прогресивно да ја оптимизираме наша мрежа на филијали со затворање на неколку десетици годишно (околу 40 во 2015 година)“, се наведува во соопштението на Societe Generale.

„Деталниот план за нашиот нов модел 2020-та, вклучително и информациите за нашите филијали, ќе го претставиме до крајот на годината“, се додава во соопштението.

Минатата недела француската банка извести дека има намера да отпушти 420 вработени во Франција во рамки на настојувањето во периодот од 2015 до 2017 година да заштеди 850 милиони евра.

Societe Generale минатата година во Франција имал 51.794 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП