
Хотел Руссиа се здоби со уште едно признание за најуспешен хотел на 2015-та година во категорија „нова туристичка понуда во хотелиерството“. Наградата беше доделена од страна на Министерството за економија по повод „Светскиот ден на Туризмот“.


Хотел Руссиа се здоби со уште едно признание за најуспешен хотел на 2015-та година во категорија „нова туристичка понуда во хотелиерството“. Наградата беше доделена од страна на Министерството за економија по повод „Светскиот ден на Туризмот“.
„Секоја награда е само поттик за наше подобрување и унапредување. Убедена сум дека во хотелиерството во Р.Македонија има уште простор за развивање и унапредување. Ние како хотелски комплекс растеме секојдневно, се надградуваме и усовршуваме. Со гордост можам да истакнам дека хотел Руссиа за само една година од своето постоење успешно се позиционира на домашниот пазар и меѓународно се етаблира“, изјави г-ѓа Виолета Анѓелковска, директор на хотел Руссиа и додаде: „Според нашите анализи 95% од гостите кои престојуваат во нашиот хотел се странски гости, а само 5% се домашни гости. Ова е показател дека веќе сме препознатливи по квалитетот на услугите кои ги нуди хотелот. Оценка за тоа е посетата и престојот многубројните странски гости. Тука посебно би сакала да го истакнам и претстојот на спортските клубови. За 1 година во нашиот хотел престојувале над 40 спортски екипи од цел свет. Показател за успехот на нашата работа се и признанијата и наградите кои ги добивме оваа година и тоа: Награда за најдобра архитектура за 2014-та година, Награда за најдобар штанд на 5-тиот саем за Меѓународен туризам за 2015-та, Награда за најдобар промотор за 2015-та и награда за Гранд Спа инвестиција за 2015-та“.

Хотел Руссиа е софистициран и модерен дизајнерски хотел со 4 ѕвезди. Располага со 61 соба и апартмани со елегантен декор и модерен мебел. Сите соби се комплетно звучно изолирани и климатизирани, со телевизија која вклучува повеќе од 60 интернационални канали, мини бар, бесплатно WI-FI. Покрај тоа хотелот располага со други додатни содржини: ресторан, спа центар (Anne Semonin) кој располага со 22 метарски базен, инфраред и финска сауна, турска и парна бања, џакузи и топли лежалки, спортско медицински центар Кинетикус, фитнес центар, тениски игралишта, падел тенис, игротека, перална за автомобили и располага со сопствен паркинг.

Како и секогаш хотел Руссиа следејќи ги европските и светските трендови, сака да изненадува со нови содржини кои се уникатни, препознатливи и различни, каде на посетителите и гостите можат да им приредат едно поинакво искуство. „Скај барот“ е најновата содржина на Хотел Руссиа и е нешто сосема ново и не видено на нашите простори, каде што буквално гостите може да се опуштат и при тоа да уживаат во во најубавиот поглед на панорамата на градот Скопје. „Скај барот“ нуди префинета селекција на вина и јадења изготвени од врвни мајстори. Погоден е за прослава на различни деловни и семејни прослави, каде покрај различната интернационална храна, гостите ќе добијат и високо професионална услуга.