3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот фонд на Катар изгуби 12 милијарди долари во третиот квартал

Државниот фонд на Катар изгуби 12 милијарди долари во третиот квартал

katari losss

Државниот инвестициски фонд на Катар најверојатно би сакал да го заборави што е можно побрзо кварталот кој изминува, во кој загуби 12 милијарди долари поради „Volkswagen“, „Glencore“ и „Agricultural Bank of China“.

Тоа се три од најголемите инвестиции на Фондот, кој управува со средства во вредност од околу 250 милијарди долари. Два дена пред истекот на третиот квартал „Qatar Investment Authority“ (QIA) предвиде намалувања за осум од десетте најголеми инвестиции, според пресметките на „Financial Times“.

Најголемиот удар за фондот може да биде губењето на вредноста на акциите во износ од околу 8,4 милијарди долари сопственост на „QIA“, обични и приоритетни акции на „Volkswagen“, германскиот автопроизводител кој во моментов е вовлечен во огромен скандал поради тоа што манипулирале на тестовите за емисии на штетни гасови на милиони свои автомобили.

Уделот од 8.2% на Фондот во водечката компанија за трговија со суровини „Glencore“, која се соочува со сериозни тешкотии во позадина на огромните обврски, е другата голема губитничка инвестиција, а нејзината вредност е намалена за околу 2.7 милијарди долари во овој квартал.

Падот на цената на тргуваните акции во Хонг Конг на „Agricultural Bank of China“, пак донел загуби за уште 650 милиони долари на катарскиот фонд.

Други големи позиции на Фондот во кои се губитници во овој квартал се оние во „Royal Dutch Shell“ (за околу 500 милиони долари), „Barclays“ (240 милиони долари) и „Siemens“ (310 милиони долари).

Само една од десетте најголеми инвестиции на Фондот носи позитивен принос во третиот квартал и тоа е француската градежна компанија „Vinci“. Таму уделот на „QIA“ се зголеми за околу 200 милиони долари. Вредноста на уделот на Фондот во шпанската компанија „Iberdrola“, пак останува речиси непроменета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП