6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ77.000 евра за м2 во Хонг Конг

77.000 евра за м2 во Хонг Конг

hongkongg

Ексклузивните имоти во Хонг Конг се најскапите во светот, што е во согласност со глобалниот тренд на создавање на богатство и успех на одредени региони.

Како што оцени глобалната консултантска фирма за трговија со недвижности „Savils“, најексклузивен имот во Хонг Конг е со просечната цена од 77.040 евра за метар квадратен, соопшти компанијата во својата најнова анкета, која ја споредува цената на елитните населби во светските градови.

Другите азиски градови кои се најдоа во врвот на листата се Токио, Шангај, Сингапур, Мумбаи и Сиднеј кои беа меѓу десетте најскапи градови кога станува збор за купување недвижен имот во 2012-та година.

Вредноста на недвижностите низ целиот свет во последните седум години двојно се зголеми, а најголеми зголемувања на цените беа забележани во Кина и Азија и тоа благодарение на појавата на богатата класа и зголемувањето на цените на мало.

sigapur

Во оваа група, Сингапур и Мумбаи забележаа најголем раст на цените на имотот од 2005-та година и тоа со зголемување од 232 и 176 проценти. Цените се зголемија за 8 проценти во Токио.

„Активноста милијардерите на меѓународните пазари на недвижности се одразува на создавањето на глобалното богатство и економски успех на одредени региони и градови”, покажува извештајот на „Savils“.

Ова значи дека побарувачката за скапи недвижности во новите економски градови ги надминаа оние во развиените земји како што се САД, Јапонија, Австралија и Европа.

New-York11

Њујорк се уште е многу високо котира меѓу градови во светот по вредноста на станбени недвижности, особено кога станува збор за профитабилноста на инвестициите. Сепак, тој падна на седмата позиција и го загуби четвртото место кое го имаше во 2005-та година.

Според извештајот, од „стариот континент“, само Лондон забележа раст за најскапиот имот од 2005-та година, за вкупно 107 проценти.

Според ова гледиште од посакуваните светски метрополи, најевтин канцелариски простор има во Мумбаи, додека Сиднеј нуди најдобра комбинација за вредноста и парите.

„Сиднеј има шанса да стане се повеќе важен град на глобално ниво затоа што се покажува активен за новите и компаниите во развој кои се наоѓаат на Пацификот, но рестрикциите за странците за купување куќи претставува голема пречка“, велат од  „Savils“.

Sydney-Opera-House-1

Во изминатите неколку години, новите даночни мерки за намалување на потрошувачката на недвижности го забави растот на пазарот на недвижности подеднакво и во Азија и Европа. Во 2012-та година пазарот во Сингапур забележа побавен раст од само 5 отсто, а пазарот во Хонг Конг стагнира втора година по ред, додека пак има активност на пазарот за недвижнини во Лондон, но значително беше забавен во втората половина од годината.

Вредноста на скапи недвижности во Париз забележа голем пад, но францускиот главен град и натаму останува четвртиот најскап град во однос на луксузни станбени недвижности кои се продаваат по просечна цена од 2.900 евра по квадратна стапка.

Извештајот дава преглед на имот во одморалиште како што се Кап Фера во Франција или Пукет во Тајланд, кои заостануваат во споредба со цените во градовите, но имаат поголем потенцијал за раст.

london_large

„Милијардери се фокусирани на скапи недвижности во урбаните центри, а не за недвижностите за одмор во природа или на море. Тоа е глобален тренд, милијардери насекаде во светот треба да бидат во градовите каде што тие можат да работат“, вели Јоланда Барнс, директор на глобалното истражување во „Savils“.

Највисока забележана цена на недвижност во последните седум години е постигната за куќа во Лондон во авенијата Кенсингтон Палас Гарденс која во 2008-та година се продаде за 8.500 евра по квадратен метар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП