18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на потрошувачката на американските домаќинства

Раст на потрошувачката на американските домаќинства

dolari 3030

Домашната потрошувачка во САД во месец август пораснала за 0,4 проценти на годишно ниво, што е еден од клучните индикатори за инфлацијата која е малку зголемена, но и понатака под саканите два проценти.

Растот на потрошувачката укажува на закрепнување на економските активности во САД, што би можело да ја наведе ФЕД да ja зголеми референтната каматна стапка и покрај загриженоста која владее во врска со светскиот економски раст, пренесува Ројтерс.

Според податоците на американското Министерство за трговија, потрошувачката на домаќинствата пораснала за 0,4 проценти во август, додека аналитичарите очекуваа дека таа ќе порасне за 0,3 проценти.
Конечните податоци за растот на потрошувачката за јули месец изнесувале 0,4 проценти наместо претходно проценетите 0,3 проценти.

Инфлацијата во САД повторно остана на скромно ниво во август од само 0,3 во однос на истиот месец минатата година, пред се поради ниските цени на енергентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП