12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го затвора воздушниот простор за украински авиони

Русија го затвора воздушниот простор за украински авиони

авиони

Русија соопшти дека од 25 октомври ќе го затвори својот воздушен простор за украински воздухопловни компании, како одговор на иста таква мерка која Украина претходно ја воведе за два руски авиопревозника.

Врз основа на инструкција на рускиот премиер Дмитриј Медведев, од руската Федерална сообраќајна агенција е побарано „да ги информира украинскиот авиокомпании кои летаат за Русија дека од 25 октомври ќе им биде забрането да го користат рускиот воздушен простор“, јави агенцијата Тас.

Оваа мерка претставува одговор на минатонеделната одлука на украинските власти, кои им забранија на руските компании Аерофлот и Трансаеро да летаат за Украина, исто така од 25 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП