21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт и Газпром одлагаат дел од сондажите поради санкциите

Роснефт и Газпром одлагаат дел од сондажите поради санкциите

rosneft_gazprom333

Државните руски енергетски гиганти „Роснефт“ и „Газпром“ ги одложуваат некои од крајбрежните сондажи за 2-3 години поради санкциите и ниските цени на нафтата, соопштува „Bloomberg“, базирано на информации од Министерството за природни ресурси.

Земјата ќе направи сондажа на два крајбрежни наоѓалишта во 2017-та година, а нивниот првичен план беше да биде 14, изјави заменик-министерот Дени Храмов на конференција во далечниот исток на Русија. Одложувањето значи дека во 2019-та година ќе бидат сондирани 28 наоѓалишта, а не 19, додаде тој.

Санкциите на САД и ЕУ, предизвикани од улогата на Русија во украинската криза, ги намалија пристапот до технологијата и опремата за крајбрежни сондажи, изјави Храмов.

Напорите на Русија да ги користи крајбрежните ресурси, кои се проценуваат на 14-15 милијарди етри тони нафта, заостануваат во однос на другите земји, додаде Храмов. Русија има направено сондажи на само 11 подводни наоѓалишта во минатата година во споредба со 57 од страна на Норвешка, појасни тој.

Во оваа година Министерството одобрило одложување на осум крајбрежни лиценци на „Роснефт“ и пет на „Газпром“, коментира Храмов. Нафтата од видот Брент, репер за повеќе од половина од светската нафта, се намали за повеќе од 50% во последните 12 месеци и погоди шестгодишен минимум во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП