Забавувањето на инвестициите во Русија се „смирува“, оцени Владимир Осаковски, главен економист на „Bank of America“ во Москва.
Тој додава и дека расте профитот на големите компании, што ќе ја зголеми нивната потрошувачка, а со самото тоа и целата економска слика во Русија.
Рецесијата во Русија го допре дното во вториот квартал, кога БДП падна за 4,6 проценти, напиша Осаковски во извештајот кој минатата недела го предаде во централата.
И руските министерства во официјални податоци предвидуваaт закрепнување на економијата која е сериозно разнишана од западните санкции.
Па така Министерството за финансии предвидува дека одливот на капитал од Русија во оваа година ќе биде за 80 милијарди долари помал во однос на 2014-та, додека Министерството за економија предвидува раст на БДП веќе во 2016-та година и тоа во износ од 1 до 2 отсто.