28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНАСА: Има вода на Марс!

НАСА: Има вода на Марс!

mars

Вода тече  на Марс, потврди во понеделник НАСА на прес конференција, прецизирајќи дека за време на летните месеци на Црвената планета вода тече низ кањони и кратери, со што се зголемува шансата на оваа планета да постои некој облик на живот.

Водата зад себе остава долги и темни дамки што можат да одат и неколку стотици метри низбрдо на површината на Марс за време на летните месеци, пред да се исушат на есен, кога површинската температура ќе падне.

Фотографиите снимени на Марс прикажуваат стрмни долини и кратери прошарани со овие дамки на местата каде што течела водата, а целата глетка потсетува на лепеза.

Научниците не се сигурни од каде стигнала водата, но веруваат дека таа доаѓа од подземниот мраз или кондензира од тенкиот атмосферски слој на Марс.

„Денеска постои течна вода на Марс. Заради тоа се сомневаме дека е можно да постои населиво опкружување“, рече Мајкл Мејер, водечки научник на НАСА за истражување на Марс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП