21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Сообраќајот се одвива по суви коловози

АМСМ: Сообраќајот се одвива по суви коловози

soobrakaj

Сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива по воглавно суви коловози. Поради снимањето на францускиот филм „A Fond“, од вторник до петок за сообраќај, во периодот од 7 до 19 часот, ќе биде затворена Скопската обиколница.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на делниците каде се изведуваат градежни активности: на државниот пат А3, делница Битола – Макази, на патот Р1302 Делчево – Пехчево, на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип, на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково и на автопатот Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово).

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП