23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цената на нафтата поради загриженоста за побарувачката

Пад на цената на нафтата поради загриженоста за побарувачката

nafta bareli2

Цената на нафтата падна на светските берзи под ниво од 48 долари со оглед дека прекумерното снабдување и дилемите во поглед со побарувачката го потиснаа во втор план забавувањето на производството во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна 87 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,73 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 81 цент пониска цена, од 44,89 долари.

Поради прекумерното снабдување и загриженоста за растот на побарувачката во клучните подрачја како што се економиите во развој, цената на сировата нафта е преполовена во изминатата година, а последните девет недели е под 50 долари за барел. На добар пат е септември да го заврши во минус од 11 отсто.

Повеќето аналитичари ја снижија прогнозата на просечната цена на нафтата за оваа и наредната година, иако општо се смета дека актуелниот надолен тренд можеби го допре дното и покрај дилемите околу побарувачката во следната година.

„Се води дебата за можноста дека цената на нафтата можеби мора да падне на 30 долари, но мислам дека тоа ќе се случи само доколку смена складишен капацитет . Со оглед дека сѐ уште го има доволно, сметам дека има простор за флексибилност“, напоменува Бројн Шилдроп од норвешки SEB.

Загриженост за побарувачката дополнително поттикнува забавувањето на економиите во развој. Токму од овие причини Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) сигнализираше дека веројатно ќе ја снижи прогнозата за глобалниот економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП