27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечна месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 21.861 денари

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 21.861 денари

jjj

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 102.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.0%), Други услужни дејности (9.9%) и Рударство и вадење на камен (4.6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (10.2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.2%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување(4.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2015, изнесува 21 861 денари.

Во јули 2015 година, 1.7% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП