23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршува изградбата на новата и современа градинка “Кочо Рацин“

Завршува изградбата на новата и современа градинка “Кочо Рацин“

kocoracin-gradinka

Општина Центар во понеделникот информираше дека привршуваат градежните работи на матичниот објект на градинката “Кочо Рацин“.

Станува збор за современа градинка, градена по европски стандарди, која се очекува да биде комплетно готова кон крајот на октомври.

При крај е опремувањето на кујната, која е современа, според ХАССП стандардите и ќе произведува 550 оброци дневно, за матичниот објект и двата клона.

Големиот двор на матичниот објект на градинката “Кочо Рацин“ е опремен партерно, но на минимална површина, за да се задржи постојната зелена површина, а ќе се засади и нова.

Објектот на градинката “Кочо Рацин“ е со нето површина од 2.800 м2. За прв пат по 40 години, општина Центар добива нов простор за сместување, грижа и воспитување на најмладите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП