4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонесени новите урбанистички планови за Марино и Кадино

Донесени новите урбанистички планови за Марино и Кадино

Image8887

Советот на Општина Илинден ги донесе новите урбанистички планови за Марино, чија што површина на плански опфат изнесува 204,39 хектари и за Кадино чија површина на плански опфат изнесува 135,5 хектари, за плански период 2014-2024 година.

Со донесувањето на урбанистичкиот план за Марино се предвидуваат следните класи на намени: домување, комерцијални и деловни намени, јавни институции, производство, дистрибуција и сервиси, зеленило и рекреација и инфраструктура.

Во функција на локалниот економски развој, со донесувањето на овие урбанистички планови се овозможува граѓаните да можат да ги прибават потребните одобренија за градење, за доградби, надградби, реконструкции на своите објекти, како и вклопување на веќе легализираните објекти.

Покрај другото, со оттуѓувањето на државно градежно земјиште се овозможува привлекување на нови инвестиции, а со тоа и забрзан одржлив економски развој и отворање на нови работни места. Исто така, со дооформување на градежните парцели ќе се овозможи побрз развој преку подигање на стандардот на културно-образовните и спортски објекти. Истовремено се овозможува и решавање на проблемот со атмосферски води и регулирање на отворените одводни канали.

Урбанистичките планови пред донесувањето беа ставени на увид на граѓаните кои што дадоа свои писмени забелешки, предлози и мислења.

Во фаза на донесување е и урбанистичкиот план за населба Илинден, како и во тек се активности за изработка на нови урбанистички планови за сите населени места во Општина Илинден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП