26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо следните пет години Катар ќе инвестира 35 милијарди долари во САД

Во следните пет години Катар ќе инвестира 35 милијарди долари во САД

qia 222

Катар планира да инвестира 35 милијарди долари во САД во следните пет години, бидејќи најбогатата земја во светот по БДП по глава на жител се обидува да ги прошири своите инвестиции надвор од Европа и Азија, соопштува „Bloomberg“.

„Qatar Investment Authority“, кој помага за управување со богатството на земјата генерирано од енергетските извори, отвори канцеларија во Њујорк за „подобар пристап на нови и постоечки инвестициски партнери“, соопшти денеска државниот фонд.

„Земјата од Персискиот залив си постави за цел „различни сектори“ на американската економија, создавајќи многу работни места во САД“, рече амбасадорот на Катар во Вашингтон Мохамед ал-Куари во објава на „Twitter“. Фондот останува посветен на своите инвестиции во Европа, Азија и Блискиот Исток, се вели во соопштението.

Катар соопшти во април дека планира да отвори канцеларија на државниот инвестициски фонд во Њујорк, барајќи нови договори во САД. Фондот со седиште во Доха контролира над 100 милијарди долари и богатството на земјата го вложува во средства од британската банка „Barclays“ до германскиот производител на автомобили „Volkswagen“, а голем дел од инвестициите се ограничени до Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП