16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова канализација за улиците во Влае

Нова канализација за улиците во Влае

kanalizacija-vlae

Изградба на атмосферска и фекална канализација на неколку улици во Влае 1 започна во понеделникот, информираат од Општина Карпош.

Проектот вреден околу 11,5 милиони денари ќе ги реши проблемите на граѓаните кои живеат во населбата Влае, односно на улиците Франц Прешерн, Корушка и Влае.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во изјава за медиумите образложи зошто е важна изградбата на овие инфраструктурни работи.

„Се работи на фекална и атмосферска канализација на улицата Франц Прешерн која ќе се поврзе со улицата Корушка. Во исто време се работи атмосферска канализација на улицата Влае. Со ова овозможуваме нормално функционирање на граѓаните од овој дел, бидејќи досега се мешаше фекалната и атмосферската канализација што предизвикуваше несакани ситуации. На овој начин граѓаните нема да имаат проблеми кога ќе надојдат поројни дождови. Во исто време по должината на улицата Франц Прешерн ќе ги зафатиме и уличките кои се лево и десно од неа и кои ќе се приклучат на оваа атмосферска канализација. Со тоа очекуваме дека во наредните 50 години граѓаните нема да имаат проблеми со излевање на фекалната канализација“, рече Јакимовски и додаде дека по завршувањето на инфраструктурниот дел, следува промена на рабниците, на тротоарите како и на ново улично осветлување.

Проекти во делот на инфраструктурата, кои во моментот се реазлизираат на територија на Општина Карпош, се и улиците Струшка, Алжирска и Багдатска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП