28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи во минус, VW под притисок

Европските берзи во минус, VW под притисок

evropski=berzi

Цените на акциите на повеќето европски берзи паднаа во понеделникот, а акцијата на Volkswagen повторно е под притисок поради новите сознанија во скандалот поврзан со емисијата на штетни гасови.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.00 часот беше во минус 0,1 отсто, откако во петокот скокна 2,8 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 0,45 отсто, на 6.081 поен, додека франкфуртски DAX се намали на 0,50 отсто, на 9.640 поени, а париски CAC, 0,45 отсто, на 4.460 поени.

Во фокусот на инвеститорите се најде Шпанија откако сепаратистичките партии на регионалните избори во Каталонија во неделата освоија мнозинство во каталонскиот парламент.

Овие партии претходно веќе најави дека еднострано ќе прогласат независност на Каталонија во следните 18 месеци, за што владата во Мадрид вели дека судски ќе го блокира бидејќи шпанскиот устав не дозволува такво нешто.

И покрај ваквата неизвесност, шпански Ibex 35 зајакна за 0,4 отсто.

Но, повеќето останати европски берзански индекси денеска се во минус бидејќи инвеститорите се внимателни поради забавувањето на растот на кинеската економија.

Податоците објавените изутрината покажуваат дека во август добивката на кинескиот индустриски сектор паднала за 8,8 отсто во однос на минатиот месец, што претставува продолжување на негативниот тренд, со оглед дека во септември падот на добивката изнесуваше 2,9 отсто.

„Расположението на берзите засега останува негативно биејќи многу се говори за забавување на растот на глобалната економија и последиците од таквиот тренд врз работењето на компаниите“, вели Маркус Хубер, трговец во компанијата Peregrine & Black.

Меѓу најголемите губитници денеска повторно се најде акцијата на Volkswagen, со пад на цените за 3 отсто, откако минатата недела акцијата загуби за над 30 отсто од вредноста.

На страна на губитниците се издвои и акцијата на Vodafone, со пад од 4 отсто, откако британскиот телекомуникациски гигант објави дека ги прекинува разговорите се компанијата Liberty Global за размена на имотите.

Од друга страна, меѓу добитниците се издвои акцијата на SABMiller, со растот на ценат на кцијата за 4 отсто, по написите дека Anheuser-Busch InBev, најголемио светски производител на пивот, ќе понуди 106 милијарди долари за преземање на британско-јужноафриканската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП