17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини како и во тмурните денови да имате мотивација и да...

Неколку начини како и во тмурните денови да имате мотивација и да бидете на посакуваното ниво

Happy place.

Како што се приближува постудениот и тмурен период, така многу лица започнуваат да тонат во зимски сон. Особено на работното место, каде е се потешко да се концентрирате на задачите.

Но, тоа не е изговор за прескокнување на обврските. Ви претставуваме мал водич како да останете мотивирани, дури и во ова тмурно време во кое единствено што сакате е да спиете.

1. Поставете цел

Чувството дека имате цел може да биде вистински поттик за понатаму. Зададете си цел, за да имате за што да се веселите во блиска иднина и тоа секој ден.

2. Бидете сопствен навивач

Реално, не можете од никого да очекувате да ви биде подршка и советник за секој пат кога се чувствувате лошо и немотивирано. И другите луѓе имаат свои проблеми и затоа секогаш би требало да бидете сами одговорни за тоа. Тука можат да ви помогнат различни мотивациски цитати, кои можете да ги чувате на вашето биро, во мобилниот телефон или на мониторот на компјутерот. Тие ќе ви бидат поттик во тешките моменти.

3. Дружете се со позитивни луѓе

Секогаш ќе постојат оние на кои не им е важно дали работата ја извршуваат добор или лошо. Токму таквите треба да ги избегнувате кога е тоа можно. Оние другите можат да ве поттикнат да бидете уште подобри и да се трудите уште повеќе. За да бидете успешни како нив.

4. Дадете си сами поттик

Сакате нов мобилен? Чевли кои ги гледате веќе еден месец? Патување? Изработете финансиски план и ветете си на себе си дека тоа што го сакате ќе ви биде награда за добро обавената работа.

5. Средете го работното биро

Добрата работна средина секогаш е уредна и организирана. Ако вашето биро е преполно со хартии, не е чудно што се чувствувате лошо. Но, време е да се решите од тоа чувство и непотребните работи не бирото. На него можете да додадете цвеќе, фотографија од драги лица и сл. Верувајте, ќе бидете изненадени колку таа промена ќе влијае позитивно на вашето расположение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП