6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСемејството Бекам како бренд вреди 500 милиони фунти!

Семејството Бекам како бренд вреди 500 милиони фунти!

beks 33

Империјата Бекам вклучува две модни линии, како и профитабилни спонзорски договори, а ако се земат во предвид кариерите на брачниот пар Бекам, тогаш тоа не е изненадување дека се што е со потписот „Бекам“ добро се продава.

Една студија, која го анализираше брендот на семејството Бекам, открива колку тој навистина вреди. Па така маркетиншката вредност на сите членови од семејството, поранешниот фудбалер Дејвид, неговата сопруга Викторија која е поранешна членка на групата „Spice Girls“, како и нивните деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер, изнесува околу 500 милиони фунти, според истажувањето на Училиштето за маркетинг во Лондон.

Како семејство, Бекамови годишно заработуваат помеѓу 30 и 40 милиони фунти.

Додека повеќето од парите ги заработуваат Дејвид и Викторија, во последно време нивните деца се повеќе се вклучуваат во бизнисот како модели или глумци во реклами. 16-годишниот Бруклин на Инстаграм има 4.4 милиони следбеници, откако неодамна се појави на насловната страна на магазинот „Miss Vogue“. Неговиот помлад брат Ромео беше дел од божиќната кампања на „Burberry“ и беше заслужен што продажбата пораснала за 15 проценти.

Се истакнува дека самото споменување на презимето Бекам во светот, денеска е вест сама за себе, затоа што ова семејство има големо влијание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП