17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛабуристите најавуваат темелно испитување на економските институции

Лабуристите најавуваат темелно испитување на економските институции

laburistite-tite

Британската лабуристичка партија од темел ќе ги преиспита државните институции кои управуваат со економијата, вклучително и централната банка, најави во понеделникот партискиот портпарол за финансиска политика.

Џон МекДонел, убеден левичар и некогашен синдикалец кој, меѓу другото, се залагаше за повторно национализација на банките и за воведување на данок на богатство, ветува дека доколку лабуристите добијат можност да формираат влада ќе за погрижат за порамномерна распределба на плодовите од економскиот раст.

Во говорот на првата годишна конференција откако за партиски лидер беше избрана Џереми Корбин, МекДонел предупреди дека во случај на победа на лабуристите на следните избори Британија ќе живее во рамките на своите можности, но и дека ќе инвестира во раст ан економијата.

МекДонел веќе побара од владата од централната банка повторно да ја преземе задачата за утврдување на клучните каматни стапки. Партиски избори уверуваат дека централната банка сепак ќе стане независна.

Лабуристите во неделата соопштија дека основаа советодавен одбор во кој меѓудругото членува и американскиот добитник на Нобеловата награда за Џозеф Стиглиц и францускиот економист Томас Пикети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП