19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Олеснувањето на должничкиот статус клуч за глобалниот развој

Ципрас: Олеснувањето на должничкиот статус клуч за глобалниот развој

cipras-siriza

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, изјави вчера во Генералното собрание на ОН дека светот не може да зборува за глобалниот развој, а да не се допре прашањето за реструктуирањето на долговите.

Тема на средбата беше глобалниот план за развој во наредните 15 години со цел елиминирање на сиромаштијата, но новоизбраниот грчки премиер смета дека светот не може да биде заглавен само на таа тема, „се додека не се разговара за тоа како да изгради или да се унапреди благосостојбата наместо да се уништи“.

Ципрас од говорницата на Генералното собрание изјави дека економската криза во еврозоната го пресекла бруто домашниот производ на неговата земја за 25 проценти.

Тој долговите ги нарече „предизвикувачи во сржта на нашиот глобално финансиски систем“.

Ципрас во петок се заложи за забрзани преговори со кредиторите на Грција со цел таа да може да дојде до посакуваното олеснување на својот должнички статус.

Грција уште од 2010 година зависи од финансиската помош од своите европски партнери и Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП