2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарски банки осомничени за местење цени на метали

Швајцарски банки осомничени за местење цени на метали

368

Швајцарските регулатори за заштита на пазарниот натпревар објавија во понеделникот дека покренале истрага против група банки поради сомневање дека ги договарале цените на благородни метали.

Швајцарската комисија за пазарно натпреварување (COMCO) покрена истрага против две швајцарски банки UBS и Julius Baer и против финансиски институции Deutsche Banka, HSBC, Barclays, Morgan Stanley и Mitsui.

Регулаторите напоменуваат дека располагаат со сигнали дека банките „можеби склопиле незаконски договори за подривање на пазарниот натпревар“ во трговијата со племенити метали како што се златото, среброто и платината.

Од COMCO конкретно се сомневаат во можни договори за договарање на цените, особено во врска со разликата помеѓу бараната и понудената цена.

Повеќе детали не се наведени.

Дел од наведените банки претходно мораа да платат големи парички казни откако ја признаа вината по обвинението на американските власти дека ги договарале референтите каматни стапки за меѓубанкарски заеми на лондонскиот пазар (либор).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП