21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ќе заработи милијарди од дигитализацијата на Индија?

Кој ќе заработи милијарди од дигитализацијата на Индија?

modi mark

Aмериканските медиуми големо внимание посветуваат на посетата на премиерот на Индија, Нерендра Моди во седиштето на „Фејсбук“ и првиот човек на оваа компанија, Марк Цукерберг.

Како најинтересна споредба на овие двајца апослутно различни личности е фактот што тие „претставуваат“ преку милијарда луѓе, Моди 1,25 милијарди граѓани на Индија, а Цукерберг 1,5 милијарди корисници на најголемата друштвена мрежа во светот.

„Њујорк тајмс“ истакнува дека и двајцата се заговорници на големи друштвени промени, како и дека своите ставови редовно ги истражуваат на друштвените мрежи.

Моди и при посетата на „Фејсбук“ ја истакна големата улога на друштвените мрежи, како самиот „Фејсбук“, но и на „Твитер“ и кинески „Веибо“, во политичкиот живот и дипломатијата.

„Моќта на друштвените мрежи е во тоа што можат да и укажат на власта каде греши“, вели Моди.

Дека технолошките компании и се потребни на Индија е многу јасно. Меѓутоа, и технолошките компании имаат потреба од Индија. Оваа држава е една од најбрзо растечките економии во светот, а во тоа е вклучена и комплетна дигитализација на државата. Токму на различните бизниси со дигитализацијата, многумина ќе заработат милиони, ако не и милијарди. Само за споредба, производителите на паметни телефони во Индија гледаат како следниот голем пазар, откако „бумот“ во Кина почна полека да забавува.

Токму поради тоа на вечерата со Моди беа присутни голем број на шефови од американските технолошки компании, како што се „Мајкрософт“, „Гугл“, „Адобе“…

Моди се сретна и со официјалните лица на производителот на електрични автомобили „Тесла Моторс“, но и со првиот човек на „Ејпл“, Тим Кук.

И веќе се напаравени првите резултати. Пример, „Гугл“ со бесплатен „Wi-Fi“ интернет ќе поврзе стотици индиски железнички станици, додека од „Мајкрософт“ истакнаа дека ќе и „помогнат“ на Индија да се воведе „Wi-Fi“ во дури половина милион рурални заедници.

Интересот е голем од двете страни, единствено останува прашањето кој и колку ќе заработи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП