30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите и најевтини станови во светот

Најскапите и најевтини станови во светот

aaa

Најскапите станови во светот се наоѓаат во поранешната британска колонија Хонк Конг, каде за еден квадратен метар во просек треба да се издвојат 13.707 евра, покажа најновото истражување на консултантската куќа “CBRE”.

Второто и третото место на листата од 31 голем град, го заземаат Лондон и Њујорк.

aaa

И покрај мерките на властите на Хонк Конг против “дивеењето” на цените, меѓу кои е и заострување на условите за добивање на станбен кредит, цената на недвижнините во 2014 година скокнале за 13,5 отсто, а во текот на првите пет месеци од оваа година се зголемиле за 7,2 отсто.

Недоволната понуда на станови во таа земја останува и понатаму главен проблем, каде градежните парцели последниве години не се зголемиле на територијата со седум милиони жители, што го објаснува притисокот на цените на недвижностите, се објаснува во студијата.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Просечната цена настановите во Лондон изнесува 9,921 евра за метар квадратен, а најголем раст на цените е забележан во центарот, кои од 2009 година поскапеле дури за 86 отсто. Во предградието на британската престолнина во истиот период цените се качиле за 63 отсто.

aac

Во Њујорк, кој по цена на недвижностите е на трето место во светот, просечната цена на квадратен метар на стан е 8,162 евра, додека француската престолнина Париз се наоѓа на четвртото место со цена од 8,017 евра во просек. Трошоците за живот во Париз се највисоки во Европа, констатира “CBRE”, додавајки дека само 33 отсто од парижаните се сопственици на основно живеалиште.

Петтото место во светот по висина на цена на метар квадратен за стан го зазема Сингапур со 7,830 евра. Следува Токио(6,757 евра), Лос Анџелес(6,500 евра), Милано(5,275 евра), Рим(5,071 евра) и Едингург(4,958 евра).

Спротивно на тоа, најевтини градови кога станува збор за станови се Истанбул(1,075 евра), Јоханесбург(1,164 евра) и економскиот и финансиски центар на Јужноафричка Република, Кејптаун со 1,583 евра за метар квадратен.

aah

Меѓу десетте градови кои нудат најповолни цени за станови, три се наоѓаат во југот на Европа, погодена од силната криза на пазарот на недвижнини во последните неколку години- Лисабон, Мадрид и Барселона.

Lisbon View in Portugal - Messagez.com

Просечната цена на становите во Лисабон изнесува 1,853 евра. Во Мадрид, цената изнесува 2,345 евра за квадрат, каде 78 отсто од населението поседува сопствен стан, се нагласува во истражувањето. Во Барселона за метар квадратен треба да се издвојат 2,375 евра.

Во топ десет најевтини градови во светот се наоѓа и Торонто(2,120 евра), Чикаго(2,240 евра) и Сиднеј(2,465 евра), додаваат од  “CBRE”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП