7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомплетна реконструкција на битолската болница

Комплетна реконструкција на битолската болница

bolnica-bitola

Комплетно ќе биде реконструиран објектот на болницата во Битола, и од надвор и од внатре, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 130 милиони денари, најави министерот за здравство, при посетата на Битола.

Градежните работи ќе почнат идниот месец се очекува да завршат во рок од 12 месеци, односно до октомври следната година.

Клиничката болница во Битола со инвестициите во опрема, реконструкции и специјализација и едукација на кадарот, континуирано се развива во регионален медицински центар за жителите на Пелагонискиот регион, констатираа на средбата Тодоров и раководството на болницата.

На средбата е договорено за потребите на болницата да се набават нови 10 монитори.

Двајца доктори од болницата ќе бидат испратени на специјализација од областа на анестезиологија во Белград, а тројца доктори се веќе заминати на специјализации во Белград од областа на гинекологија и акушерство, офталмологија и педијатрија.

Беше договорено да се изврши реновирање и на Здравствениот дом во насока на унапредување на условите, што е инвестицијата од околу 12 милиони денари пари што ќе ги обезбеди Министерството за здравство и Здравствениот дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП