4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбезбедени пари за зголемување на пензиите и социјалната помош

Обезбедени пари за зголемување на пензиите и социјалната помош

stavreski-spasov

Септемвриската пензија е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Македонија, и ќе биде исплатена на 5 октомври годинава, а од следната година предвидено е за уште пет отсто да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош.

Со мерката опфатени се вкупно 335 илјади граѓани, од кои 300 илјади пензионери, 30 илјади корисници на социјална парична помош и пет илјади корисници на постојана парична помош. Зголемувањето на пензиите и на социјалната помош е целосно буџетирано за 2016 година, соопштија на прес-конференција го соопштија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Со ова продолжува грижата за најранливите категории на граѓани, како што се примателите на социјална и на постојана парична помош, оние кои се постари и материјално необезбедени лица.

„За нив оваа година исплативме зголемување од 10 проценти на паричната помош што ја добиваат од буџетот. И следната година во буџетот е предвидено за уште пет проценти да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош. Од јуни 2016 година ќе исплатиме зголемена парична помош за сите приматели на социјална и постојана парична помош“, рече Ставрески.

Вицепремиерот Ставрески додаде дека буџетот е во добра кондиција, во добра ликвидност и додаде дека сите предвидени мерки и политики се реализираат согласно предвидената динамика.

Министерот Спасов појасни дека Владата на последната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и на Законот за социјална заштита.

„За зголемување на социјалната помош во буџетот за 2016 година обезбедени се 28 милиони и 200 илјади денари. За зголемување на постојаната парична помош обезбедени се 8 милиони и 700 илјади денари„, рече Спасов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП