28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа шише стогодишен шампањ 116.000 долари

За шише стогодишен шампањ 116.000 долари

сампањ

Шише од шампањот „Krug“ од 1915 година е продадено во петокот за 116.375, или 103.932 евра, на наддавање во Њујорк.

Рекорд во цената за шампањ го држеше шише „Veuve-Clicquot“ од 1841 година кое во 2011 година е продадено за 30.000 евра. Тоа шише од 1841 година, според процените минало околу 180 години под море, во потопен брод недалеку од брегот на Финска.

Името на купувачот кој во петокот го купил шампањот „Krug“ не е објавено, меѓутоа се знае дека тој заедно со уште три лица по негов избор, ќе може да проба од ретките вина произведени во истиот вински подрум и ќе ужива во оброк кој за нив специјално ќе го приготви Арно Лалмен, чиј ресторан „Assiette Champenoise“ има три ѕвездички во познатиот водич на Мишлен.

Освен шишето продадено на аукцијата во петокот, винаријата „Krug“ има уште три шишиња од 1915 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП