13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Украина се договорија за испораките на гас

Русија и Украина се договорија за испораките на гас

gasifikacija222

Доцна синоќа во Брисел, Русија и Украина потпишаа договор за снабдување и транзит на гас за зимската сезона.

Финалните преговори продолжија 6 часа и завршија со парафирањето на дополнителен протокол кон договорот меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас“, кој ги одредува условите за купување и испорака на гас од 1-ви септември до 31-ви март 2016-та година.

Договорот се случи, откако Русија се согласи да отстапи од цената, а Украина да плати на „Гаспром“ веднаш 500 милиони долари, обезбедени со гаранции од ЕУ.

„Сите технички детали веќе се наведени. Зимскиот пакет ќе обезбеди континуирано снабдување со гас за Украина и транзитот кон ЕУ“, изјави заменик-претседателот на Европската комисија Марош Шефчович, кој посредуваше во преговорите.

Украинскиот министер за енергетика Владимир Демчишин соопшти дека 500 милиони долари се обезбедени преку Европската комисија од ММФ и други финансиски институции, и веќе се на сметката на „Нафтогас“ и се на располагање. Со нив во октомври ќе се купат 2 милијарди кубни/метри гас, со кои да ќе се дополнат подземните складишта на Украина.

Потоа Киев ќе донабавува количини за тековни потреби, па да не мора повторно го запира европскиот транзит.

Комесар Шефчович вети втората транша од финансиската помош од ЕУ од 1,5 милијарди евра да биде реализирана пред крајот на годината и да послужи за целта.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак прецизира дека договорот, потпишан во Брисел, ја обврзува Украина да го обезбеди транзитот кон Европа. ЕУ ја превзема обврска за финансирањето, а Москва за снабдувањето.

„Русија ќе ги обезбеди договорените количини според договорите кои ги има со Украина и со европските клиенти“, увери Новак.

Тој додаде дека Москва ќе направи дополнителен попуст од 20 долари на 1.000 кубни/метри гас, за да биде цената за Украина слична со онаа на нејзините европски соседи, особено Полска. Русија сепак успеа да си го задржи правото да ја ажурира цената на квартал, и покрај инсистирањето на Украина таа да е фиксна за целата грејна сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП