6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Раст на кредитирањето во приватниот сектор на еврозоната

ЕЦБ: Раст на кредитирањето во приватниот сектор на еврозоната

ECB

Темпото на раст на кредитирањето во приватниот сектор на еврозоната, кое е клучно мерило за економското здравје, зема замав, покажаа денес објавените податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

По повеќемесечниот пад, обемот на кредити одобрени на приватните компании и домаќинствата во месец август порасна за 1,0 проценти во споредба со истиот месец минатата година, се наведува во соопштението на ЕЦБ.

Тоа, како што додаваат, е само благо зголемување во однос на растот на кредитирањето од претходниот месец од 0,9 проценти, пренесува Франс прес.

Долготрајната и длабока финансиска криза во 19-члената еврозона го пригуши кредитирањето, дополнително влошувајќи ја економската активност на тој блок. Меѓутоа, ЕЦБ, со цел да се избори со таквата состојба, започна со спроведување на серија различни мерки за поттикнување, од кои најважна беше големата програма за откуп на обврзници од земјите членки, вредна 1.000 милијарди евра.

Најновите податоци на ЕЦБ се доказ дека сите овие мерки започнуваат да даваат резултат, оценува француската агенција.

Сепак, вкупните залихи на пари (М3) во еврозоната во август пораснаа за 4,8 проценти во однос на август минатата година, што е нешто побавен раст во однос на забележаните 5,3 проценти во јули. ЕЦБ го доживува М3 како показател за идната инфлација, наведува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП