18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМОТ: Федра на малата сцена на МОБ

МОТ: Федра на малата сцена на МОБ

mot-mob

Втората фестивалска премиера „Федра“, копродукција помеѓу Театар “Џинот“ Велес и Словенско Младинско Гледалишче од Љубљана, ќе биде изведена во сабота вечер во рамките на јубилејното издание на Младиот Отворен Театар во Скопје, на малата сцена на Македонската Опера и Балет.

Во претставата работена по текст на Сашо Димоски, а во режија на Александар Ивановски, играат двајца исклучително важни актери од двата театри. Маруша Облак, познатата словенечка актерка, посветена на истражувањето на малите драмски форми. Нејзината визуелна и перформативна моќ се темели на вонредниот процес на подготовка. Во партнерот Васил Зафирчев пронаоѓа актер од сличен калибар, фокусиран на истражување на театарот, исто колку и на себеистражувањето, познат по својата исклучителна актерска креативност, која ги држи во симбиоза и танцовиот и драмскиот театар, и театарот од истокот и театарот од западот.

Праизведбата на „Федра“, во својата основа ја има митската матрица за Федра и Хиполит, од која се извлечени современи читања и толкувања. Претставата се занимава со машко-женските односи од аспект на релација меѓу повозрасна жена и помлад маж. Фатализмот, како резултат од неможноста за заокружување на љубовната приказна меѓу Хиполит и Федра пак, е средство кое го акцелерира драмското дејство, а додека околноста заради која немоќта постои ја прави претставата место со згуснато значење, пуст остров од кои исчезнуваат и последните жители.

Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите на Раде Василев, видео дизајнот на Данчо Стефков, додека Сашко Костов е автор на музиката и истата ја изведува во живо за време на претставата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП