23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата и натаму околу 48 долари

Цената на нафтата и натаму околу 48 долари

nafta 222

Цената на нафтата се задржа на светските берзи над ниво од 48 долари, при што силниот долар и разочарувачките економски податоци од Јапонија беа противтежа на падот на залихите на деривати во Кина.

На лондонската берза цената на барелот остана непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,19 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 23 центи повисока цена, од 45,14 долари.

Индексот на доларот кон кошничката светски валути порасна за 0,5 отсто, откако претседателката на Фед Џенет Јелен не ја исклучи можноста од зголемување на каматите во САД до крајот на годината. Силниот долар ја притиска цената на нафтата со оглед дека станува поскапа за оние кои имаат други валути, што влијае на побарувачката.

Дополнителен товар на цените беа разочарувачките податоци од Јапонија, кои покажаа пад на темелните податоци на потрошувачките цени во август за 0,1 отсто во однос на истиот период лани.

Слабите економски податоци се надоврзаа на обилното снабдување, поради кое агенцијата  Standard & Poor’s ги снижи процени за цената на нафтата на пазарот во Лондон и во САД за пет долари по барел, на 50 односно на 45 долари за барел во оваа година.

Аналитичарите на S&P толкуваат дека подобрената ефикасноста на дупчењето во производството нема да се намали толку силно колку што се очекуваше.

„И покрај тоа што многу американски компании во сегментот производство и трагање за нафта ја намалија капиталната потрошувачка во 2015 година, а цените на нафтата се пониски од трошоците на дупчење, производството на нафта не се намали позначително“, констатира аналитичарот на S&P Томас Ватерс.

Противтежа на силниот долар и разочарувачките јапонски податоци беше падот на залихите на дериватите во Кина, за 7,82 отсто. Податокот подразбира силна побарувачка со оглед на намалувањето на цените два месеца по ред. Дополнително побарувачката ја поттикна продолжената рибарска сезона и подготовките за жетвата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП