24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина очекува стабилен раст од околу седум отсто

Кина очекува стабилен раст од околу седум отсто

kina rabotnici apple

Кинескиот економски раст воглавно ќе биде стабилен во третиот квартал, а влијанието од падот на цените на акциите на берзите е ограничено, процени денеска кинескиот завод за статистика.

Темпото на раст од седум отсто во првата половина од годината беше претежно во согласност со промените во потрошувачката на енергијата, обемот на железничкиот промет и кредитните пласмани на банките.

Кинескиот економски раст во третиот квартал нема многу да отскокнува од годишното темпо на раст од седум отсто, колку што пораснале активностите во вториот квартал.

„Судејќи според показателите во јули и август, сметаме дека економскиот тренд сѐ уште е стабилен, можни се и одредени отстапувања нагоре или надолу, но не во значителна мерка“, се вели во соопштението на заводот за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП