5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо една година одземање возачка дозвола за пребрзо возење

До една година одземање возачка дозвола за пребрзо возење

коце-сообраќај

Ќе се мапираат црните точки во сообраќајот во Скопје, а анализата ќе треба да биде готова до 15 октомври, беше заклучено на координативниот состанок за безбедност во сообраќајот во Скопје, меѓу градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, директорот на ЈП „Улици и патишта”, Синиша Ивановски.

„Првиот чекор е да се направи мапирање на црните точки во сообраќајот – анализа што треба да биде готова до 15 октомври, за веднаш потоа да ги отстраниме недостатоците на терен. Ќе разгледуваме и зони на смирен сообраќај, во што активно ќе се вклучиме заедно со општините, со МВР и со Советот за безбедност во сообраќајот. Не консултираат и за нашите забелешки во однос на новата законска регулатива од оваа област, што е во процедура. За Градот Скопје безбедноста на сите учесници во сообраќајот е приоритет“, рече градоначалникот Трајановски.

Министерот за внатрешни работи Чавков на состанокот информираше за засилените активности кои МВР ги презема на територијата на градот Скопје, како и заклучоците донесени врз основа на анализи на преземените активности.

„Од извршените анализи констатирано е дека најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитување на правилата за првенство на минување, како и управувањето на возила под дејство на алкохол. Со новините во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, којашто е во собраниска процедура, предвидовме низа нови законски мерки кои одат во насока на зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во делот на урбаните средини, предложено е намалување на брзината на движење на јавен пат во населено место од 60 на 50 километри на час, а доколку не се почитува ова ограничување ќе се изрече глоба во вредност од 400 евра или 65 негативни поени. Особено е важно што без разлика дали возачот ќе реши да ја плати глобата или да впише негативни поени, за него започнува постапка пред надлежен орган за забрана за управување со возило, во период од 6 до 12 месеци“, изјави министерот Чавков.

Средбата се одржа една недела по смртта на дете велосипедист, кое загина на бул „Илинденска“ во близина на градскиот парк, а граѓани се организараа преку социјалните мрежи и закажаа протест за сабота под мотото „Коце, врати ни ги улиците“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП