28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина од Меѓународните институции ќе добие 1 милијарда долари за гас

Украина од Меѓународните институции ќе добие 1 милијарда долари за гас

gas 535

Меѓународни финансиски институции ќе и одобрат 1 милијарда долари на Украина за купување на природен гас за зимската сезона, објави руската новинска агенција „ТАСС“.

Меѓу институциите кои ќе ги одобрат средства за Киев, е и Светската банка.

На овој начин ќе биде ограничена можноста за повторување на гасната војна меѓу Киев и Москва од 2009-та година, кога беа запрени испораките на суровината за Европа која поминува низ Украина.

Според медиумски публикации, властите во ЕУ се надеваат дека овие средства ќе бидат потрошени за купување на 5 милијарди кубни метри природен гас во складиштата.

Русија и Украина се уште не ја договориле цената на природниот гас за зимската сезона. ЕУ се обидува да соработува повторно за решение на случајот и се очекува тоа да се случи за време на нови преговори и така до 1-ви октомври да има нов зимски пакет за испораките на природен гас за Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП