18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмаџиите уживаа со Special Selection(фото)

Филмаџиите уживаа со Special Selection(фото)

cgg

Винарската визба „Тиквеш“ организираше специјален вечерен настан, за лауреатите и многубројните филмски работници – гости на годинешниот Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Ексклузивните филмаџии, меѓу кои и  македонскиот режисер Милчо Манчевски и добитникот на наградата за животно дело, кинематографот Божидар-Бота Николиќ во опуштена и неформална атмосфера во Вино бар “Буре“ во Битола уживаа во дружењето соврвните и автентични вина на „Тиквеш“од линијата Special Selection.

caa

И ВВ „Тиквеш“ и Фестивалот „Браќа Манаки“, секој на свој начин, ја шират пораката за Македонија како средина која ги препознава вистинските вредности, но истовремено ја промовираат земјата во странство. Оттаму, нам ни е задоволство што можеме да ја поддржиме оваа манифестација и со тоа да придонесеме за што подобар впечаток кај ексклузивните гости на фестивалот, велат во Тиквеш.

cbb

Соработката меѓу двата македонски бренда, едниот во филмската, а другиот во винската индустрија, се развива во годината во која Тиквеш прославува 130 години од своето постоење, а Фестивалот обележува 110 години од творештвото на браќата Манаки. Врвните и автентични вина на ВВ „Тиквеш“ беа служени и на презентирањето на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Кан, во мај годинава. Со овие активности ВВ „Тиквеш“ ја продолжува долгорочната определба за промоција на докажани вредности кои имаат значење за заедницата, меѓу кои и Фестивалот „Охридско лето“, Скопскиот џез фестивал, Скопскиот филмски фестивал, претставувања на македонски уметници во странство.

ccc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП